August 30, 2025 | | Свет
Глазгов Ренџерс официјално го потврди трансферот на македонскиот напаѓач Бојан Миовски. Македонецот, кој доаѓа од шпанска Жирона, стави потпис на четиригодишен договор и стана 11-то засилување на шкотскиот великан во летниот преоден рок. „Возбуден сум што го одбрав Ренџерс за следниот чекор во кариерата. Ова е огромен клуб со неверојатна историја и чест е да се биде дел од оваа приказна. Моментов кога дознав за интересот, знаев дека мора да се преселам тука. Со нетрпение чекам да ги запознаам соиграчите и да играм пред овие одлични навивачи,“ изјави Миовски. За 25-годишниот напаѓач ова е враќање во шкотскиот фудбал, откако претходно настапуваше за Абердин, каде што остави одличен впечаток со својата ефикасност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |