August 14, 2024 | | Свет
Бруно Фернандеш стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед кој ќе трае до 2027 година со опција за продолжување за уште една сезона. „Немаше да го потпишам овој договор ако не верував дека моите најдобри моменти во дресот на Јунајтед допрва доаѓаат. Од моите разговори со фудбалското раководство, јасно е колку сите се решени да се борат за големи трофеи во годините што следат“, рече Фернандеш. Иако не е наведена цифрата, неговата плата ќе биде на исто ниво како најплатените играчи во клубот, а исто така останува и капитен на клубот. Во Јунајтед е од 2020 година каде дојде од Спортинг Лисабон за сума од 65 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |