ОФИЦИЈАЛНО: Де Лихт и Мазрауи се нови фудбалери на Јунајтед!

August 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Де Лихт и Мазрауи се нови фудбалери на Јунајтед!

Де Лихт и Мазрауи и официјално се нови играчи на Манчестер Јунајтед, а дојдоа од Баерн Минхен. Тен Хаг силно ги посакуваше и двајцата, а тој веќе соработуваше со нив во Ајакс. Трансферот на Де Лихт ќе чини 45 милиони евра фиксни и пет во бонуси, а трансферот на Мазрауи ќе чини 15 милиони евра фиксни и пет во бонуси. Ова се сериозни засилувања за Јунајтед кои веќе ги ангажираше Јоро и Зиркзе, а во меѓувреме преговараат и за Угарте. „Тех Хаг одигра важна улога во моето развивање како играч.  Возбудливо е повторното обединување со него додека влегувам во најдобрите години од мојата кариера. Знам што очекува од своите играчи и ќе дадам се за да и помогнам на групата да биде успешна“, рече Мазрауи. Пофални зборови имаше и од Де Лихт кој е задоволен што ја промени средината. „Ерик тен Хег ги обликуваше раните фази од мојата кариера, па знае како да го извлече најдоброто од мене. Знам што е потребно за да се успее на највисоко ниво“, рече Де Лихт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.