ОФИЦИЈАЛНО: Елмас е нов играч на Торино!

January 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Елмас е нов играч на Торино!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и официјално е потврден како нов фудбалер на Торино, клуб каде тој ќе постане најмалку до крајот на сезоната со оглед на тоа што се работа за позајмица со можност за откуп на договорот. По крајот на сезоната, Торино ќе има опција да го купи Елмас за 17 милиони евра. Иако Елмас беше близу до трансфер во Валенсија, сепак во последен момент Торино се вклучи во трката и успеа да го обезбеди неговиот потпис. Ова е дефинитивно правилен чекор на Елмас со оглед на слабата минутажа која ја добиваше во Лајпциг под водство на тренерот Марко Росе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.