ОФИЦИЈАЛНО: Хусанов потпиша за Сити, стана првиот Узбекистанец во ПЛ

January 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Хусанов потпиша за Сити, стана првиот Узбекистанец во ПЛ

Манчестер Сити беше приморан да троши на големо зимскиот преоден рок, па така денес се потврди најновото засилување на тимот. Станува збор за 20-годишниот Абдукодир Хусанов. Узбекистанецот е првиот играч од својата земја кој ќе го носи дресот на „граѓаните“ и воопшто првиот во Премиер лигата, што го прави неговиот трансфер историски. Клубот од „Етихад“ реши да плати 40 милиони евра за услугите на Хусанов, сума што може да порасне до 50 милиони евра со вклучените бонуси. Интересно, досегашниот клуб на Хусанов, Ленс, го купи талентираниот стопер од Енергетик за само 100 илјади евра во 2023 година. Сега, Ленс ќе има шанса да заработи дополнителни 10 милиони евра доколку се исполнат клаузулите од договорот. Младиот дефанзивец не го криеше своето воодушевување по официјализирањето на трансферот:

„Пресреќен сум што станав дел од Манчестер Сити, тим кој со години ме фасцинираше. Играчите тука се најдобрите во светот, и едвај чекам да ги запознаам и да почнам да играм со нив“, рече тој.
Хусанов, кој ќе го носи дресот со број 45, истакна и дека е особено мотивиран што ќе работи под водство на еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот.
„Гвардиола е легенда, и се радувам што ќе учам од него. Очекувам многу од оваа соработка и се надевам дека ќе се подобрам како играч, додаде тој.
Манчестер Сити, со овој потег, испрати јасна порака дека е подготвен да ја зајакне екипата за останатиот дел од сезоната и да продолжи со доминацијата во англискиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.