October 7, 2024 | | Свет
Андрес Иниеста и официјално потврди дека се повлекува од фудбалот. Легендата на Барселона реши да прекине со фудбалот на 40 години. Шпанецот остави длабок траг во овој спорт и дефинитивно ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери од средниот ред воопшто. Во својата богата кариера, Иниеста освои Светско првенство, две Европски првенства, четири пати освои Лига на шампиони, девет трофеи во Ла Лига, три трофеи во Светското Клупско првенство, како и три Супер Купови. Во шест наврати го освои Копа Дел Реј, има и седум трофеи Супер Копа, а додека играше во Јапонија, го освои Шампионатот, Купот и Супер Купот.
El Juego Continúa ❤️⚽️ 8️⃣🔟2️⃣4️⃣ pic.twitter.com/YLrDOfxVCB
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) October 7, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |