ОФИЦИЈАЛНО: Иван Ракитиќ е нов фудбалер на Хајдук!

July 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Ракитиќ е нов фудбалер на Хајдук!

Хајдук објави трансфер бомба веднаш после полноќ и го официјализираше Иван Ракитиќ како нов фудбалер. Сплитскиот клуб го потврди ангажманот на еден од најголемите хрватски фудбалери во историјата. Тие прават тим кој наредната сезона ќе се бори за титулата во Хрватска. Тој претходно беше член на Ал-Шабаб од Саудиска Арабија, но само после шест месеци го раскина договорот и на 36-годишна возраст за првпат во кариерата ќе настапува за клуб од Хрватска. „Хајдук со особено задоволство може да потврди дека Иван Ракитиќ во наредната сезона ќе го носи белиот дрес! Еден од најголемите играчи во историјата на хрватскиот фудбал, нешто пред полноќ го потпиша договорот со Хајдук кој трае до крајот на наредната сезона со опција за уште една година“, стои во соопштението на Хајдук.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.