ОФИЦИЈАЛНО: Јоро е нов играч на Јунајтед!

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Јоро е нов играч на Јунајтед!

Манчестер Јунајтед и официјално го потврди Лени Јоро како нов фудбалер. Јоро е сериозно засилување за Јунајтед а младиот стопер кој доаѓа од Франција се смета за еден од најдобрите тинејџери во светот на фудбалот. Јунајтед го победи Реал Мадрид во битката за Јоро, а клубот од Мадрид не сакаше да ги даде парите кои Јунајтед ги понуди каде самиот трансфер би можел да достигне до 70 милиони евра. Тој потпиша договор до 2029 година со опција за продолжување до 2030 година. „Неверојатна чест е што толку млад потпишав за Јунајтед. Уште од првите разговори со клубот, тие имаа јасен план за тоа како би можел да се развивам тука и да бидам дел од овој возбудувачки проект“, рече Јоро. Иако неговата првична цел беше Реал Мадрид, тие не покажаа интерес до крај за негово ангажирање и така тој заврши во Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.