ОФИЦИЈАЛНО: Кепа Аризабалага нов чувар на мрежата на Арсенал!

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Кепа Аризабалага нов чувар на мрежата на Арсенал!

Попладнево Арсенал го комплетираше трансферот на Кепа Аризабалага од градскиот ривал Челси во зделка вредна околу 5 милиони фунти, со што го доби своето прво засилување за сезоната 2025/26. Кепа, кој во 2018 година стана најскап голман во историјата со трансфер вреден 72 милиони фунти, по неколку турбулентни сезони конечно ја менува средината. „Навистина сум среќен што дојдов тука. Разговорот со Артета ме убеди во проектот. Арсенал има сè што му треба да освои трофеи и јас сакам да бидам дел од таа приказна“, изјави Кепа по пристигнувањето на Емирати. Иако Челси финансиски губи според споредбата потрошени 72 милиони евра во 2018,  а 5 милиони денес, амортизацијата на трансферот значи дека синиот клуб сепак ќе прикаже добивка во сметководствените книги со оглед на тоа дека вредноста на голманот е амортизирана.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.