August 29, 2024 | | Свет
Киеза успешно ги заврши медицинските прегледи и ги финализираше условите каде потпиша договор на четири сезони и сега е подготвен да се приклучи на тимот на Црвените. Киеза, кој има 51 натпревар за Италија и беше дел од нивниот тим за ЕП 2024, ќе пристигне по четири сезони и 131 настап со Јувентус. Трансферот вкупно ќе изнесува 15 милиони евра каде Јувентус отворено му кажа дека не смета на него и дека не е во плановите на Тиаго Мота. „Многу сум среќен што сум играч на Ливерпул. Кога спортскиот директор Ричард Хјуз ми се јави и ми рече дали сакам да му се приклучам на Ливерпул, веднаш реков „да“, бидејќи ја знам историјата на овој клуб, едвај чекам“, рече Киеза.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |