ОФИЦИЈАЛНО: Конечно е потврден страшниот дриблер како играч на Сити!

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Конечно е потврден страшниот дриблер како играч на Сити!

Манчестер Сити конечно го претстави Бразилецот Савио како нов играч откако уште пред неколку месеци трансферот беше договорен. Тој доаѓа од редовите на Троја, каде не одигра ниту една минута. Трансферот ќе чини најмногу 33,6 милиони фунти. Негова главна позиција е десно крило, може да игра и како лево, како и 10-ка. Савио потпиша договор до 2029 година. Ова е прво засилување за Сити а сега веќе неговиот поранешен клуб Троја заедно со Сити и Џирона се дел од групацијата на Сити, па „граѓаните“ добија приоритет во однос на останатите заинтересирани клубови. „Многу сум среќен што ќе му се придружам на Манчестер Сити, шампионот во Премиерлигата и освојувачот на Светското клупско првенство. Сите знаат дека тие во моментов се најдобриот клуб во светот, па многу сум возбуден“, вели Савињо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.