January 17, 2025 | | Свет
Грузиецот и доскорашен фудбалер на Наполи е новото ѕвездено засилување на ПСЖ, а официјално потврда стигна и тимот од Париз. Трансферот ќе чини вкупно 70 милиони евра. Грузискиот репрезентативец ги помина медицинските прегледи и потпиша договор на четири и пол години до јуни 2029 година, кој, според информациите, изнесува 9 милиони евра годишно плус бонуси зависно од перформансите. Ова претставува огромно зголемување на платата за играчот, кој претходно заработуваше 1,5 милиони евра годишно, исто како кога првпат му се приклучи на Наполи како релативно непознат играч од Динамо Батуми во јули 2022 година. Уште на почетокот кога потпиша за Наполи и кога почна да игра во Серија А, уште во првиот месец од натпреварувањето, неговите одлични настапи му ја донесоа наградата за играч на месецот во Серија А за август 2022 година, благодарение на неговиот прв гол и асистенција против Верона, а потоа и два гола против Монца. На европската сцена, Грузиецот исто така се покажа како пресуден, со асистенција во својот прв натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул. Кварацхелија го освои Скудетото, постигнувајќи 30 гола на 107 натпревари за клубот, заедно со 29 асистенции.
🚨🔴🔵 Official, confirmed. Khvicha Kvaratskhelia joins Paris Saint-Germain on €70m deal from Napoli. Kvaratskhelia signs until June 2029. pic.twitter.com/IAxx1e1WCC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 17, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |