Официјално: Лаутаро останува во Интер до 2029 година!

August 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Официјално: Лаутаро останува во Интер до 2029 година!

Денеска и официјално беше потврдено дека Лаутаро Мартинез го продолжи договорот со Интер за уште минимум пет години. „Интер потврдува дека постигнал договор за продолжување на договорот со Лаутаро Мартинез. Мартинез потпиша договор кој истекува на 30 јуни 2029 година“, стои во соопштението на Интер. Во Интер тој пристигна од редовите на Расинг за 23 милиони евра, а претходниот договор му истекуваше во 2026 година. Тој е апсолутен лидер на овој тим на Интер, а според новиот договор тој треба да заработува девет милиони евра по сезона, плус бонуси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.