January 24, 2025 | | Свет
Милан и официјално потврди дека Кајл Вокер од Манчестер Сити е нивни нов играч. Се работи за позајмица до крајот на сезоната каде Милан нема обврска за откуп. Целата плата ќе ја покрива италијанскиот гигант. Ова за Вокер е нов предизвик по одличната етапа во Англија. Тој сезонава ја игра една од најлошите во својата кариера. Вокер помогна на Сити да освои 17 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите, откако се приклучи на клубот во 2017 година со трансфер вреден 50 милиони фунти од Тотенхем. Тој беше блиску до премин во Баерн Минхен по освојувањето на тројната круна на Сити во 2023 година, но потпиша продолжување на договорот со кое ќе остане во клубот до 2026 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |