July 24, 2025 | | Свет
Милан и официјално го претстави новото засилување на левата бековска позиција – Первис Еступињан. Еквадорскиот репрезентативец доаѓа од Брајтон и ќе биде директна замена за Тео Ернандез, кој го напушти клубот ова лето. „Милан со задоволство соопштува дека Первис Еступињан му се приклучи на клубот на перманентна основа. Еквадорскиот фудбалер потпиша договор до 30 јуни 2030 година“, се вели во официјалното соопштение на клубот. Со овој трансфер, Еступињан влезе во историјата како прв Еквадорец што ќе го носи црвено-црниот дрес на Милан. 26-годишниот бек ќе го носи бројот 2 и се очекува да донесе динамика и стабилност на левата страна од одбраната. Овој потег е дел од летната стратегија на Милан за да ја зацврсти дефанзивната линија и да остане конкурентен во Серија А и европските натпреварувања.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |