Официјално: Мусиала останува во Баерн Минхен до 2030 година!

February 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Официјално: Мусиала останува во Баерн Минхен до 2030 година!

Џамал Мусиала го продолжи својот договор со Баерн Минхен до 2030 година. После неколку месеци тешки преговори, Германецот конечно се согласи на нов договор. При преговорите, Мусиала инсистираше да биде вметната откупна клаузула за да биде сигурен дека еден ден би можел да замине без проблеми ако неговиот потенцијален следен клуб се согласи да ја плати истата. Клаузулата засега не е откриена, но е секако сума над 100 милиони евра. Тој ќе заработува околу 25/26 милиони евра бруто. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, продолжувањето на договорот никогаш не било загрозено бидејќи Мусиала сакал да остане и да му даде приоритет на Баерн Минхен.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by FC Bayern (@fcbayern)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.