ОФИЦИЈАЛНО: Нејмар се врати во Сантош! (ВИДЕО)

January 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Нејмар се врати во Сантош! (ВИДЕО)

Сантош и официјално потврди дека Нејмар се врати во клубот. Бразилецот го раскина договорот со Ал Хилал, па реши да се врати во својот дом. Целта на Нејмар е во наредните шест месеци да ја поврати формата па затоа договорот е потпишан само до крајот на тековната сезона. По завршувањето на сезоната, Нејмар планира да се врати во Европа и повторно да заигра во голем клуб. Новиот договор му гарантира месечна плата од 161.500 евра, што предизвика изненадување кај многумина. Сепак, најважниот аспект од договорот е што Нејмар ќе задржи 90% од правата за имиџ, што значи дека неговите приходи можат да бидат далеку поголеми од основната сума. Овој модел на договор е сличен на оној што го имаше во Сантос помеѓу 2010 и 2013 година. Тогаш примаше 48.400 евра месечно, но благодарение на маркетиншките права, неговата вкупна заработка достигнуваше околу 533.000 евра месечно. Со овој потег, Нејмар се враќа таму каде што ја започна својата професионална кариера, а љубителите на Сантос со нетрпение го очекуваат неговиот камбек на теренот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.