ОФИЦИЈАЛНО: Нико Ковач е нов тренер на Дортмунд!

January 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Нико Ковач е нов тренер на Дортмунд!

Актуелниот европски вицешампион Борусија Дортмунд од денеска официјално има нов стратег. Хрватскиот тренер Нико Ковач потпиша договор на 18 месеци и ќе го предводи клубот во обид да ја врати формата и конкурентноста во Лигата на шампионите и Бундеслигата. За Ковач, ова ќе биде прв тренерски ангажман по речиси едногодишна пауза, откако во март 2024 година беше отпуштен од Волфсбург. Дортмунд ќе биде неговиот четврти клуб во Бундеслигата, по претходните ангажмани во Баерн Минхен, Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург. Освен тоа, Ковач го водеше и Монако, а од 2013 до 2015 година беше селектор на хрватската репрезентација.

„Преговорите со Ларс Риен беа конструктивни, а сите во клубот ми дадоа до знаење дека ова е вистинското место за мене. Најважно е сите заедно да работиме напорно и да ја претставиме Борусија Дортмунд во најдобро светло, особено во Лигата на шампионите и на Светското клупско првенство“, изјави Ковач, кој официјално ќе биде претставен на прес-конференција следната недела.
Тој ќе го замени Нури Шахин, кој го остави тимот на 12. позиција во Бундеслигата со 26 освоени бодови. Дебито на Ковач на клупата на „милионерите“ ќе биде претстојниот викенд против Хајденхајм.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.