ОФИЦИЈАЛНО: Олисе е нов играч на Баерн Минхен!

July 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Олисе е нов играч на Баерн Минхен!

Баерн Минхен и официјално го објави трансферот на Мајкл Олисе од Кристал Палас. Тој ги мина лекарските прегледи и стави потпис на петгодишен договор, кој ќе го задржи во Минхен до 2029 година. Мината сезона тој постигна 10 голови и 6 асистенции на 19 натпревари во Премиер лигата. Баерн Минхен го купи Олисе за сума од 45 милиони евра, со вклучени бонуси во договорот, со кои цената на францускиот офанзивец може да се искачи и до 50 милиони евра. Олисе реши да го одбере Баерн Минхен а интерес за него имаше од Челзи и Манчестер Јунајтед. Пред Кристал Палас, Олисе настапуваше за Ридинг, а како младинец беше дел од Арсенал, Челзи и Сити.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.