Официјално: Отказ за Тијаго Мота, Тудор е нов тренер на Јувентус!

March 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Официјално: Отказ за Тијаго Мота, Тудор е нов тренер на Јувентус!

Јувентус ја официјализираше тренерската смена – Тијаго Мота си заминува, а на негово место пристигнува Игор Тудор. По серијата разочарувачки резултати, вклучувајќи два убедливи порази во кои „бјанконерите“ примија седум гола без да постигнат ниту еден, управата на клубот реши да реагира за време на репрезентативната пауза. „Добредојде назад, Игор Тудор! Тој е новиот тренер на првиот тим“, соопшти Јувентус. Клубот му се заблагодари на Тијаго Мота и неговиот стручен штаб за професионалниот ангажман и посветеноста, посакувајќи им успех во иднина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.