January 30, 2025 | | Свет
Барселона и официјално потврди дека Педри потпиша нов договор кој ќе трае до 2030 година. По потпишувањето на новиот договор со Роналд Араухо, сега истото го направи и играчот од средниот ред на Каталонците. По Педри, наредни договори за продолжување се оние на Иниго Мартинез, Гави и Ламин Јамал. Канарецот конечно пристигна во Барселона пред речиси пет години, откако помина една сезона на позајмица во Лас Палмас по потпишувањето со клубот во 2019 година. Се врати во Барса во летото 2020 и веднаш беше јасно дека е посебен играч. Уште на 17-годишна возраст си обезбеди место во средниот ред, а сега, на 22 години, е незаменлив дел од тимот.
„Иако Педри сè уште е млад фудбалер и неговата иднина е светла, неговата сегашност е едноставно извонредна. Оваа сезона добива редовна минутажа заедно со својот одличен стил на игра, а долг период без повреди му помогна да се етаблира како еден од најдобрите играчи на средината на теренот во светот. Канарецот стана клучната движечка сила на тимот кој игра брз и интензивен фудбал, каде што ризиците се преземаат со сигурност, знаејќи дека тој носи стабилност кога топката е во неговите нозе“, стои во објавата на клубот.
🚨🔵🔴 Official, confirmed. Pedri has signed new deal at Barcelona until June 2030. Next ones: Pedri, Inigo Martinez, Lamine Yamal. pic.twitter.com/U2uJ79Zawm
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 30, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |