September 11, 2024 | | Свет
Маурисио Покетино и официјално денеска е потврден како нов селектор на САД. Тој ќе го наследи Грег Берхалтер кој во јули доби отказ откако испадна од Копа Америка уште во групната фаза. Неговата цел ќе биде да ја подготви селекцијата на Светското првенство во 2026 година кде токму САД заедно со Мексико и Канада ќе бидат едни од домаќините. „Енергијата, страста и гладот да се постигне нешто навистина историско овде, тоа се работите кои ме инспирираа. Гледам група играчи полни со талент и потенцијал и заедно ќе изградиме нешто посебно со кое ќе се гордее целата нација“, рече Покетино. Неговиот последен ангажман беше Челси со кого мај годинава одлучи да се раздели.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |