ОФИЦИЈАЛНО: Поранешниот македонски репрезентативец се пресели во Сампдорија!

August 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Поранешниот македонски репрезентативец се пресели во Сампдорија!

Стигна и потврда за трансферот на Никола Секулов, поранешниот младински репрезентативец на Македонија кој од редовите на Јувентус премина во Сампдорија за сума од два милиони евра, а договорот ќе биде потпишан до 2028 година. Тој ќе заигра во Серија Б а негов тренер ќе биде Пирло. Секулов кој има потекло од Струмица, неколку години беше во младинските категории на Јувентус, а минатата сезона ја мина на позајмица во Кремонезе. Претходно имаше најави дека ќе биде позајмица, но сепак се работи за перманентен трансфер. Наводно, освен двата милиони евра, Јувентус ќе има процент и од следна продажба. Секулов порано беше дел од У-17 селекцијата на Македонија, но поради несогласувања со селекторот и луѓе од Федерацијата, реши да настапува за Италија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.