ОФИЦИЈАЛНО: Рандал Коло Муани во Тотенхем на едногодишна позајмица!

September 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Рандал Коло Муани во Тотенхем на едногодишна позајмица!

Тотенхем го заврши трансферот на Рандал Коло Муани од Пари Сен Жермен на едногодишна позајмица. Според информациите на The Athletic, во договорот нема клаузула за откуп, ниту обврска за постојан трансфер по крајот на сезоната. Францускиот напаѓач беше надвор од плановите на европскиот шампион и втората половина од сезоната 2024/25 ја мина на позајмица во Јувентус. Коло Муани преговараше за враќање во Торино, но разговорите пропаднаа за време на викендот, со што се отвори патот за негово преминување во клубот од северен Лондон. Напаѓачот ја започна својата професионална кариера во Нант, пред во 2022 година бесплатно да премине во Ајнтрахт Франкфурт, каде што постигна 26 гола и 17 асистенции на 50 настапи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.