ОФИЦИЈАЛНО: Рашфорд потпиша за Астон Вила!

February 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Рашфорд потпиша за Астон Вила!

Маркус Рашфорд ја комплетираше позајмицата во Астон Вила од редовите на Манчестер Јунајтед каде ќе остане барем до крајот на сезоната. Англичанецот постигна 138 гола за Манчестер Јунајтед, а во Вила сега ќе се обиде да ја поврати формата откако јасно му беше кажано од страна на Рубен Аморим дека за него нема место во клубот. Претходно тој се поврзуваше со Милан и Барселона, но Астон Вила благодарение на Унај Емери кој лично го одобри овој трансфер беше брза и го реализираше трансферот. Пред да замине, Рашфорд призна дека е спремен за нов предизвик, па ова може да биде идеална шанса за него.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.