ОФИЦИЈАЛНО: Рубен Аморим е нов тренер на Манчестер Јунајтед!

November 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Рубен Аморим е нов тренер на Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед официјално потврди дека Рубен Аморим ќе седне на клупата на „црвените ѓаволи“. Функцијата ќе започне да ја обавува од 11. ноември, а Фабрицио Романо пренесува дека Јунајтед ќе му исплати компензација од 11 милиони евра на Спортинг, сума за излезната клаузула од 10 милиони евра за Аморим, како и еден милион евра за стручниот штаб на Портулаецот кој ќе донесе неколку асистенти со него во клубот. Во меѓувреме, Руд ван Нистелрој ќе продолжи да го води клубот на наредните три натпревари против Челси, ПАОК и Лестер. Договорот ќе биде потпишан до јуни 2027 година, плус опција за продолжување за уште една сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.