ОФИЦИЈАЛНО: Саутгејт повеќе не е селектор на Англија!

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Саутгејт повеќе не е селектор на Англија!

Герет Саутгејт по скоро осум години го напушта кормилото на англиската фудбалска репрезентација. Тој успеа да ја однесе Англија на две Европски финалиња каде и двете ги загуби. Во текот на целиот негов период како селектор на Англија, играта беше недоволно добра, бавна и без енергија и недостатоците се видоа и во двете финалиња како и на Светските првенства. Со ваков тим, се очекуваше многу повеќе од Саутгејт. Во 2018 година, успеаа да стигнат до полуфиналето на Светското првенство, а во 2022 година во Мундијалот во Катар испаднаа од Франција во четвртфиналето. Имиња кои се споменуваат како негова замена засега се Потер, Еди Хау, Тухел, Покетино и тренерот на англиската селекција до 21 година, Ли Карсли.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.