February 4, 2025 | | Свет
УЕФА денеска официјално потврди дека Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година ќе биде организирано заеднички од Србија и Албанија. Првенството ќе започне во Нови Сад, а големото финале ќе се одигра на стадионот во Тирана, кој ги исполнува сите потребни услови за одржување на завршен натпревар од вакво рангирање. Овој шампионат воедно ќе има и квалификациски карактер, бидејќи најдобрите селекции ќе обезбедат учество на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Натпреварите во Србија ќе се одржуваат во Нови Сад, Лесковац, Лозница и Зајечар, додека во Албанија дуели ќе има во Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |