Oфицијално: Столе Димитриевски доби нов тренер во Валенсија

December 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Oфицијално: Столе Димитриевски доби нов тренер во Валенсија

Карлос Кобреран, кој го напушти Вест Бромвич Албион, синоќа беше потврден за нов тренер на Валенсија. Клубот ја потврди информацијата дека ќе ја искористи опцијата која ја има во договорот со англискиот клуб. Валенсија игра очајна сезона и се наоѓа на дното на табелата со ист број на бодови како Ваљадолид, па поради тоа се реши за тренерска смена. Кобреран освен во ВБА работеше и во Олимпијакос, Хадерсфилд, Лидс, Ермис и Докса. Дел од Валенсија бил и како фудбалер, но само во младинската школа и во вториот тим како сениор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.