ОФИЦИЈАЛНО: Страхиња Павловиќ е нов фудбалер на Милан!

July 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Страхиња Павловиќ е нов фудбалер на Милан!

Денеска и официјално се потврди дека српскиот стопер Страхиња Павловиќ потпиша за Милан. Тој дојде од редовите на Салцбург. Павловиќ доаѓа на „Сан Сиро“ за сума од 18 милиони евра, плус одредени бонуси. Во Салцбург пак дојде од редовите на Монако за седум милиони евра. Страхиња е дете на Партизан, а Монако во 2020 година го купи за високи десет милиони евра. Со Србија тој одигра три натпревари на Европското првенство во Германија, а Страхиња Павловиќ потпиша до 2028 година, со опција за продолжување на уште една. Во Милан тој ќе го носи дресот со број 31.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.