October 16, 2024 | | Свет
Томас Тухел и официјално беше потврден како нов тренер на Англија. Ова за Тухел ќе биде прв ангажман по отказот во Баерн минатата сезона, но и прва селекторска работа во неговата кариера. „Горд сум што ќе имаме чест да ја водам англиската репрезентација. Чувствувам поврзаност со оваа земја и тоа веќе ми даде неколку неверојатни моменти. Да се претставува Англија е огромна привилегија и ќе биде возбудливо да работам со група која е талентирана и има голем потенцијал“, изјави Тухел. На клупата на Англија Тухел ќе седне од 1 јануари 2025 година и договорот ќе му трае 18 месеци. Според новинарот Флоријан Плетенберг, Тухел ќе заработува помеѓу 4,5 и 5 милиони фунти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |