ОФИЦИЈАЛНО: Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус

June 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус

Сега и официјално е потврдено дека Тиаго Мота е новиот тренер на Јувентус. После одличната сезона со Болоња каде успеа да ги доведе до петата позиција на табелата, сега следува еден огромен предизвик за него каде ќе има задача Јувентус пак да го направи конкурентен тим во борбата за италијанската лига. Договорот ќе биде потпишан до 2027 година. „Среќен сум што ќе го започнам ова ново поглавје во врвен клуб како Јувентус, благодарам за нивната доверба и можам да гарантирам дека ќе дадам се од себе за да ги направам горди навивачите на Јувентус“, рече тој. Ја водеше Болоња на 76 натпревари, а претходно беше тренер на Специа, Џенова и ПСЖ У19.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.