December 23, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед се соочува со еден од најтешките периоди во својата понова историја. Клубот веќе подолг период има проблеми со резултатите и не успева да се врати на старите патеки на успех. Но, ситуацијата не е многу подобра ниту на легендарниот стадион „Олд Трафорд“. Според последните информации од англиските медиуми, стадионот е во многу лоша состојба. Местото е преполно со глувци, а чистотата е на многу низок нивото, што резултирало со оценка „двојка“ во последниот извештај за хигиената од можна оценка „петка“ која е максимум. Причините за ваквата ситуација се не само недостатокот на одржување, туку и локацијата на стадионот, кој се наоѓа меѓу канал и железничка пруга. Во зимскиот период, глувците се движат во потрага по потопла средина и се преселуваат на стадионот. Голем дел од проблемите на „Олд Трафорд“ произлегуваат од долгогодишното занемарување на инфраструктурата. Поранешните сопственици, фамилијата Глејзер, не вложуваа значителни средства во модернизација на стадионот. Ова го потврди и Кристијано Роналдо, кој при својот камбек во 2021 година, по осум години отсутство, изјави дека условите на стадионот не се промениле откако тој заминал за Реал Мадрид во 2009 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |