October 6, 2026 | | Свет
Дани Олмо има посебна врска со Динамо Загреб и Хрватска, а според неговиот агент Енди Бара, фудбалерот со години прави и хуман гест кој досега не бил јавно познат. Бара во подкастот „Inkubator“ откри дека Олмо, откако го напуштил Динамо, од секој клуб за кој настапувал издвојува 2% од својата годишна бруто плата за Вуковар. „Дани Олмо е исклучително поврзан со Динамо Загреб и Хрватска. Ќе ви кажам нешто што јавноста досега не го знаеше и само се надевам дека Дани нема да ми замери. Откако го напушти Динамо Загреб, во секој клуб за кој играл, Олмо донираше два проценти од својата годишна бруто плата за Вуковар“, изјави Бара. Агентот откри дека станува збор за сериозни суми, со оглед на високите примања на шпанскиот репрезентативец. „Со оглед на тоа што заработува сериозни пари, тоа се големи суми. Тоа го правеше додека играше за РБ Лајпциг, а го прави и денес во Барселона. Никогаш не сакаше јавно да зборува за тоа“, додаде Бара. Олмо во Динамо пристигна како младинец, а токму во Загреб го направи своето фудбалско име пред да направи голем трансфер во Лајпциг, а потоа и во Барселона. Бара откри и дека големата желба на Олмо е еден ден повторно да го облече дресот на Динамо. „Неговата голема желба е да ја заврши кариерата во Динамо и се надева дека тоа ќе му се оствари“, порача неговиот агент.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |