January 2, 2025 | | Свет
Барселона не успеа да го регистрира Дани Олмо за втората половина од сезоната. Сега клубот ги испрати сите потребни документи каде продадоа дел од ВИП седиштата на новиот Камп Ноу, средства кои треба да бидат доволни за регистрацијата на Олмо и Пау Виктор. Олмо одбива да го искористи тоа право. Желбата на Олмо е да остане во Барселона и стрпливо чека клубот да најде начин за негова регистрација. Последните информации се дека клубот е оптимистичен и дека испратил докази кои упатуваат на тоа дека поради доцнење на исплатата за ВИП седиштата, тие се нашле во оваа ситуација. Во меѓувреме, големи клубови од Англија, Италија и Германија внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени брзо да реагираат доколку околностите се променат. Иако во моментов Олмо не разгледува понуди од други клубови и не планира заминување, неговата одлука би можела да се промени доколку Барселона не успее да го реши овој проблем.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |