Онана прими гол директно од корнер, Бруно заработи црвен, нов пораз на Јунајтед (ВИДЕО)

December 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Онана прими гол директно од корнер, Бруно заработи црвен, нов пораз на Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го претрпе вториот пораз по ред во Премиер лигата откако денес беа совладани на гостувањето кај Вулверхемптон со 2-0. Стрелец на првиот беше Куња кој успеа директно од корнер да му даде гол на Андре Онана. И покрај протестот на Камерунецот за наводен фаул, по преглед од страна на ВАР, беше утврдено дека се е чисто. Вториот гол дојде откако Куња и Кванг излегоа сами пред Онана, а Бразилецот несебично му намести на Кореецот. Покрај Онана, друг трагичар во редовите на Јунајтед е Бруно Фернандеш кој заработи црвен картон и така ги остави на цедило своите соиграчи. Тој доби втор жолт картон по еден невнимателен прекршок врз десниот бек Семедо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.