Онана проба да го измами и испровоцира Халанд, ама не му успеа! (ВИДЕО)

August 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Онана проба да го измами и испровоцира Халанд, ама не му успеа! (ВИДЕО)

Манчестер Сити после пенали успеа да го совлада градскиот ривал Јунајтед и да го освои Комјунити Шилд. За време на пенал серијата, дојде до еден интересен момент кој е својствен баш за голманот Онана. Пред неколку дена тој изјави дека оваа сезона ќе прави луди и интересни работи, па очигледно мислеше на вакво нешто. Имено, Онана сакаше со финта да го измами Халанд да шутне на другата страна, меѓутоа норвешкиот напаѓач не потпадна под притисокот и ја затресе мрежата на „црвените ѓаволи“. Откако Халанд погоди, замина накај соиграчите и иронично се насмеа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.