August 20, 2024 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски се соочува со незгоден проблем во новиот клуб каде грузискиот голман Георги Мамардашвили ќе остане уште една сезона каде потоа ќе го направи трансферот во кариерата во Ливерпул. Ова значи дека цела една сезона скоро па сигурно тој ќе биде прв голман пред Димитриевски кој дојде со намера за да биде голман мислејќи дека Грузиецот ќе замине. Ливерпул сака уште една сезона прв голман да им биде Алисон, а од наредната сезона Мамардашвили целосно да го замени. Допрва ќе видиме дали Столе уште летово би бил продаден каде ако не замине Грузиецот тој може да си оди ако некоја екипа плати три милиони евра, дали ќе биде позајмен или пак сезонава ќе ја помине како втор голман во Валенсија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |