„OPTA“: Ливерпул е голем фаворит за освојување на ЛШ

December 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„OPTA“: Ливерпул е голем фаворит за освојување на ЛШ

Освен во Премиер лигата, екипата на Ливерпул има одлична сезона и во Лигата на шампионите и се смета за еден од главните фаворити за освојување на престижниот трофеј. Според компјутерските пресметки на статистичката компанија „Опта“, која анализаира илјадници можни исходи, тимот на „црвените“ има импресивни шанси за успех. Под водство на новиот менаџер Арне Слот, Ливерпул започна спектакуларно, иако многумина таков успех не очекуваа. Во Премиер лигата имаат само еден пораз, а на европската сцена, по пет одиграни кола во Лигата на шампионите, тие се единствениот тим со максимален број на бодови. Според анализите на „Опта“, Ливерпул има 20,7% шанси да го подигне трофејот во Лигата на шампионите оваа сезона, додека шансите за пласман во полуфиналето се неверојатни 51,3%. Ова покажува колку силен тим имаат „црвените“ и колку се опасни во новиот формат на натпреварувањето. Со веќе обезбеден пласман во нокаут фазата, Ливерпул ќе продолжи со своите амбиции во Лигата, иако до крајот на групната фаза ги очекуваат уште три незгодни натпревари, вклучувајќи го и гостувањето кај Жирона следната недела.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.