September 10, 2025 | | Свет
Ливерпул е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите според аналитичката компанија „Опта“. Британската компанија објави проценки за шансите на сите учесници во новата сезона на елитното европско натпреварување. „Црвените“ од „Енфилд“ имаат најголеми изгледи да стигнат до трофејот – нешто над 20%. Веднаш зад нив е Арсенал, големиот ривал во англиската Премиер лига, со проценети 16% шанси за титула. Трет е актуелниот шампион Пари Сен Жермен со 12,1%. На спротивниот крај на листата се клубови како Атлетико Мадрид, Јувентус и Аталанта, на кои им се даваат само 0,6% шанси да ја покорат Европа оваа сезона. „Опта“, позната по својата детална статистичка обработка и спортска анализа, нагласува дека проценките се базирани врз огромна база на податоци од сите натпревари, што овозможува длабинска слика за моменталната форма и потенцијалите на тимовите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |