„Опта“ предвидува нова ужасна сезона за Јунајтед, шампион пак Ливерпул

August 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Опта“ предвидува нова ужасна сезона за Јунајтед, шампион пак Ливерпул

„Опта“ ја објави својата компјутерска прогноза за новата сезона во Премиер лигата и резултатите се изненадувачки. Ливерпул, според моделот, ќе ја одбрани титулата, а во топ четири ќе завршат уште Арсенал, Манчестер Сити и Челси, исто како минатата сезона. Драмата почнува подолу: Манчестер Јунајтед се предвидува на 12. позиција, а Тотнем дури на 14. место. Најслабите, според прогнозата, ќе бидат новите премиерлигаши – Барнли, Лидс и Сандерленд – кои би се вратиле во Чемпионшип веднаш по првата сезона.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Sky Sports (@skysports)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.