Осимен ептен ја претера: Дури и со Саудијците не може да се договори!

August 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Осимен ептен ја претера: Дури и со Саудијците не може да се договори!

Наполи ја прифатил понудата од 65 милиони евра за продажба на Осимен и истата понуда дојде од саудискиот прволигаш Ал-Ахли. Но, засега иако не се споменуваат никакви цифри околу финансиските барања на Нигериецот, тој не успева да се договори со тимот од Саудиска Арабија. Тој сакал висока плата, а клучниот момент бил во неговиот договор да има откупна клаузула со која многу полесно подоцна би можел пак да се врати во Европа. Претходно, Осимен побара од Челзи неверојатна плата од 589.000 неделно при што клубот од „Стемфорд бриџ“ се откажа од неговиот трансфер, а претходно тоа го стори и Пари Сен Жермен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.