„Осимен ќе потпише за Јувентус“

March 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Осимен ќе потпише за Јувентус“

Јувентус започна голем процес на реконструкција на тимот под водство на новиот спортски директор Кристијано Џунтоли, а летниот преоден рок ќе донесе нови значајни промени. Се повеќе се шпекулира дека италијанскиот гигант би можел да го продаде Душан Влаховиќ, што значи дека ќе мора да обезбеди квалитетна алтернатива, дури и ако Рандал Коло Муани остане во тимот. Поранешниот напаѓач на Рома, Роберто Пруцо, изјави дека има сигурни информации оти Виктор Осимен ќе се врати во Серија А и ќе стане новото засилување на „бјанконерите“. „Од доверлив извор блиски до неговите агенти дознав дека Осимен ќе премине во Јувентус. Ова ми беше потврдено на неодамнешна средба во Фиренца“, откри Пруцо. Во моментов, Нигериецот сè уште е фудбалер на Наполи, но ако овие тврдења се покажат како точни, тогаш Торино ќе биде неговата следна дестинација. Летниот преоден рок ветува многу возбуда за навивачите на „црно-белите“, не само поради Светското клупско првенство, туку и поради можните кадровски промени, кои би можеле да доведат до заминување на Влаховиќ и пристигнување на Осимен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.