August 31, 2024 | | Свет
Виктор Осимен до самиот крај на трансфер периодот преговараше со Челси за трансфер во тимот од Лондон, но до договор не дојде. Според „Sky Italy“, Осимен одбил да премине во Челси бидејќи понудата која му била понудена била навредувачка за него. Имено, му биле понудени само четири милиони евра фиксни, како и четири преку бонуси, односно два милиони евра за пласман во Лигата на шампиони, и два милиони евра за бројот на настапи и постигнати погодоци. Нигериецот во моментов има плата од околу десет милиони евра, сума која Виктор бил спремен да ја прифати и во Челси. Истиот медиум вчера ја пренесе информацијата и дека првиот човек на Наполи, Ааурелио Де Лаурентис прво се договорил со Ал-Ахли за Осимен, но потоа побарал уште пет милиони евра на што тимот од Саудиска Арабија реагирал бурно и ги прекинал преговорите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |