July 29, 2024 | | Свет
Барселона и да успее да ги донесе Нико Вилијамс и Дани Олмо заедно без да направи голема продажба, сепак ќе биде потребно да се продадат неколку фудбалери за балансирање на финансиите каде тие и понатаму ќе мораат драстично да го намалуваат особено буџетот за плати. Според „The Athletic“, постојат осум играчи кои би можеле да заминат, едни повеќе поради добрата цена на пазарот и проблеми во преговорите за нов договор, други поради тоа што клубот не смета на нив, но и играчи од кои може солидно да се заработи. Најзвучни се имињата на Френки де Јонг, Роналд Араухо и Рафиња. Де Јонг засега одбива да ја намали платата која е околу 37 милиони евра бруто и истата беше договорена за време на мандатот на Бартомеу, човекот кој ја доведе Барселона до ваквата финансиска состојба. Исто така, Холанѓанецот одбине и да замине и Барселона иако се надева дека би можела да го продаде поради добрата цена, засега сѐ околу Де Јонг летово е тивко. Араухо исто така долго време преговара за нов договор а неговиот истекува во 2026 година. После стартот за црвен картон со ПСЖ сезонава во Лигата на Шампионите, падна во очите на навивачите, па и неговата цена добро стои на пазарот. Рафиња одбива да замине а пред неколку дена стигнала понуда за него од Саудиска Арабија од околу 65 милиони евра, но очигледно Бразилецот нема намера да замине. Исто така, Феран Торес, Роке и Фати се на листата. Торес засега останува, Роке имаше понуди од Саудиска Арабија, но ги одби, а иако Фати треба да биде дел од тимот, добра понуда може да го предомисли клубот. Ленгле не е во плановите на тренерот, а главен проблем е неговата висока плата. Фаје најверојатно ќе биде дел од првиот тим, но ако пристигне понуда која не може да се одбие тој би можел да биде продаден.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |