Освен Тен Хаг, Сколс критикуваше и пет фудбалери на Манчестер Јунајтед!

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Освен Тен Хаг, Сколс критикуваше и пет фудбалери на Манчестер Јунајтед!

Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс го изрази своето огромно незадоволство за настапите на неговиот клуб. Јунајтед веќе пет натпревари не знае за победа. Последниот триумф го остварија против Барнсли во ЕФЛ Купот каде славеа со 7-0. Од тогаш, ремизираа со Кристал Палас, Твенте, Порто и Астон Вила, а изгубија од Тотенхем. Според Сколс, освен тренерот, виновни се и одредени фудбалери, односно нивниот квалитет. “Едноставно нема квалитет во нападот. Погледнете ги најуспешните тимови, тие се способни да постигнат гол. Колку голови постигнува Манчестер Јунајтед? Пет во седум натпревари. Големите тимови треба да имаат тројца или четворица фудбалери кои можат да постигнат 20 гола во сезона, тоа се 80, но јас едноставно не го гледам тоа во овој тим. Хојлунд игра солидно, но дали ќе постигне 20 гола? Смешно е колку пари потрошија, а некои од нив не можат ни да бидат во тимот. Мислите дека Угарте ќе смени нешто на средината на теренот, но тој тоа воопшто не го користи. Де Лихт е платен 50 милиони фунти и не ги користи. Еванс, 36 години, игра место него. Мартинез во клубот го донесе Тен Хаг, а Мегваер е стартер, Линделоф исто така. Кога немаш стил на игра многу е тешко да најдеш играчи. Ливерпул има едноставен начин, игра 4-3-3 и носи играчи од тој профил. Не можете да носите играчи само затоа што е добар, треба да и да се вклопува во тимот“, објасни Сколс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.