August 3, 2024 | | Свет
Отаменди како еден од најискусните во редовите на Аргентина ја предводеше селекцијата на Олимписките игри каде загубија од Франција со минимални 1:0 во натпревар каде после свирежот на судијата дојде до огромен конфликт меѓу играчите од двете селекции. Очигледно за двете селекции раните од Светското првенство пред околу две години уште се свежи, па затоа и страстите избувнаа. Домаќините провокативно славеа по натпреварот, а Отаменди реши да каже што мисли околу целата ситуација. „Навистина многу ме налутија. Може да се радуваат како што доликува, може да прават што сакаат, но да одат кај нашите фанови и да слават пред нашите семејства, не е во ред. Имаше еден лик, не знам ни точно како се вика. Балде или Баде…… Ако сака да се радува, нека дојде да се радува пред нас и да ја решиме работата. Тоа што го направија не беше добро, навистина сум лут. Тој ја славеше (Баде) победата пред нашите резерви, а потоа беше главен и во прославата пред нашите фанови“, изјави Отаменди. Во случајов станува збор за Лоик Баде, стоперот на Севиља кој беше во преден план славејќи ја победата. Во видеото може да се види дека играчите на Франција без никаков срам славеа пред аргентинските фанови.
Les joueurs de l'équipe de France qui viennent chambrer (enfin provoquer) les supporters argentins pic.twitter.com/Nu1718HVLt
— Florent Torchut (@FlorentTorchut) August 2, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |