Откако Довбик ги „тресна“, Атлетико тргнува по вториот најдобар стрелец во Ла Лига

July 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Откако Довбик ги „тресна“, Атлетико тргнува по вториот најдобар стрелец во Ла Лига

На Атлетико Мадрид итно му треба напаѓач откако Депај и Мората заминаа. Иако трансферот на Довбик од Џирона скоро и да беше договорен, сепак Довбик реши да премине во Рома откако го одби спортскиот проект на тимот од Мадрид. Па така, според „Relevo“, Атлетико фокусот го сврте накај Александер Сорлот од Виљареал. Минатата сезона вториот најдобар стрелец во Ла Лига со 23 постигнати голови на 34 натпревари. Наводно, преговорите напредуваат и се очекува да падне договор за трансфер вреден околу 35 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.