Откако се испостави дека Клоп не доаѓа, се појави нов кандидат за тренер на Рома

May 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Откако се испостави дека Клоп не доаѓа, се појави нов кандидат за тренер на Рома

По шпекулациите и брзиот демант за наводна преселба на Јирген Клоп на клупата на Рома, сега се појавија нови информации кои велат има нов главен кандидат за нов тренер на „волчицата“. Името на Клоп ја разбранува фудбалската јавност откако неколку италијански медиуми објавија дека поранешниот менаџер на Ливерпул ќе го преземе кормилото на Рома. Меѓутоа, радоста на навивачите беше краткотрајна – веднаш следуваше демант дека нема вистина во тие тврдења. Фокусот сега се пренасочува кон Нуно Еспирито Санто, кој сезонава прави солидни резултати со Нотингем Форест. Рома сака да ја искористи оваа несигурна ситуација и според извори блиски до клубот, веќе е воспоставен контакт со португалскиот тренер. Санто добил понуда за двегодишен договор, како и уверување за амбициозен проект кој вклучува изградба на тим способен да се бори за Скудетото. Со искуството од Премиер лигата и Ла Лига, клубот верува дека токму тој може да ја врати Рома на патеките на успехот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.