April 22, 2025 | | Свет
По смртта на Папата Франциск, фудбалот не остана имун, особено не во неговата родна Аргентина и, секако, во Италија. На „чевлите на рибарот“ се навлече фудбалска сенка: бројни мечеви во Серија А, но и низ пониските лиги, беа одложени поради тажната вест. Посебно интересно е што клубот Сан Лоренцо, со кој Папата имаше емоционална поврзаност како долгогодишен навивач, го изнесе на виделина бројот на неговата членска карта, а некои веруваат дека токму таа цифра носела скриено предвидување за датумот на неговата смрт. Од друга страна, од Англија пристигна едно симболично и мистично толкување поврзано со Лигата на шампионите. Наводно, секогаш кога Папа починувал во пресрет на финишот од европската елитна лига, титулата ја носел англиски тим. Историјата го поткрепува ова сценарио: во 1979 година, кога Папата Иван Павле Први го напушти овој свет, европски шампион стана Нотингам Форест. Во 2005-та, по смртта на Иван Павле Втори, Ливерпул славеше на европскиот трон, додека по кончината на Бенедикт XVI, Манчестер Сити го освои Купот на шампионите. Сезонава, само Арсенал остана од англиските тимови во трката за европската круна. „Топчиите“ ќе се судрат со Пари Сен Жермен во полуфиналето и ако оваа традиција продолжи, токму тие би можеле да бидат следните шампиони.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |